Во 2017 година ИКС и Високата школа се споија во една организација за да создадат силен образовен и истражувачки центар за комуникации и медиуми. ИКС има 12 вработени, 16 предавачи и широка мрежа на соработници кои го пренесуваат своето искуство и експертиза од областа на стратегиското комуницирање, лидерство и менаџирање, маркетинг, глобални и интеркултурни односи, новинарство, дигитални медиуми и мултимедиска продукција, застапување и граѓанско учество за јавен интерес.
Портфолиото на Институтот се состои од магистерски студии, спроведување на научни истражувања во рамките на комуникациите и медиумите, спроведување на проекти и кампањи, како и давање на консултантски услуги кон трети страни.
Дознај повеќе за ИКС: www.iks.edu.mk
ИКС И МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ
Европската комисија го избра проектот на ИКС и на Високата школа „Коалиција за медиумска писменост“ како еден од 10-те најдобри проекти за медиумска писменост во 2019
ИКС е една од најактивните организации во Македонија што ја промовираат медиумската писменост, соработувајќи со медиумите, граѓанскиот сектор, академските и јавните институции, но најмногу работи со младите, особено со средношколците. Во изминатите години ИКС изгради соработка со повеќе од 40 средни училишта чии ученици се верни дописници на единствениот средношколски весник „Медиум“ што го разви со „Нова Македонија“ во 2011 година. Тимот на ИКС посети многу училишта на кои се дискутираше како критички да им се пристапува на медиумските содржини. На трите медиумските кампови во Охрид, Штип и Струмица 80 ученици учеа како да бидат новинари. Петта година ИКС го организира Медиумскиот ден, каде што над 600 ученици непосредно научија како работат медиумите и која е нивната функција во општеството. Преку средношколскиот конкурс „Изрази се преку медиумите“ кој ИКС и Високата школа го организираат повеќе од 10 години се охрабруваат младите да бидат гласни и активни граѓани кои сакаат да направат промена користејќи ја моќта на медиумите.
Постојана соработка со над 40 средни училишта
Над 1.000 средношколци на медиумските лаборатории
Над 30 медиуми партнери
43 изданија на средношколскиот весник Медиум
На такви вештини ИКС ги учи младите и преку кампањите од јавен интерес како што беше кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај“. Тие се поттикнуваат да иницираат решавање локални проблеми во регионите со заштитени подрачја, да трагаат по одговори и решенија за проблемите со екологијата, (не)чистиот воздух, биодиверзитетот, осознавајќи ги истовремено основите на еко-новинарството.
Преку бројните ресурси, ИКС се обидува да го пренесе своето знаење за да ја унапредиме медиумската писменост. Една од клучните целни групи се корисниците за социјални мрежи на кои им нудиме различни можности како да препознаат манипулации и дезинформации и да бидат мудри и активни дигитални граѓани.