Низ ходниците |

На појадок во конзулска Битола

Европскиот ден на јазиците, во гимназијата „Јосип Броз – Тито“ во Битола беше одбележан по петти пат.

Во реализација на настанот, именуван како „На појадок во конзулска Битола“, учествуваа учениците и професорите од активите по македонски, англиски, германски и француски јазик. Декорираните маси изобилуваа со специјалитети карактеристични за Македонија, а можеа да се видат и ученички облечени во народна носија.

Идејата на манифестациите кои се одржаа во многу земји од ЕУ е да се поттикне интересот кај децата и возрасните кон јазиците и изучување на истите.

Теодора Кожуваровска, СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито“  Битола.