Кумановци беа домаќини на ученици од Италија, Шпанија, Турција и Романија
Средношколците и професорите од кумановската гимназија „Гоце Делчев“ на почетокот на месецов една недела беа домаќини на вкупно 22 ученици и девет професори од од Италија, Шпанија, Турција и Романија. Кумановци им посакаа топло добредојде со богата културно уметничка програма, на која настапија и членови на културно уметничкото друштво Српски вез.
Станува збор за посета која се оствари во рамки Еразумс плус програмата, како дел од прокетот „Мисли критички, делувај мудро“, кој што го доби гимазијата минатата година.
Учениците меѓусебно се запознаа со нивните култури, фолклор и традиција, а одржаа и работилници на тема „Дискриминација“.
Кумановските средношколци во вакви посети изминатиот период беа во неколку држави, како Италија, Шпанија, Турција и Романија, а наредното полугодие во март повторно ќе патуваат на средби во Италија.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.