Како да ја проверите автентичноста на сликите со Google Lens
Google Lens е алатка која ви овозможува да пребарувате информации користејќи слики наместо текст. Со едноставно прикачување на фотографија, Google Lens може да ја анализира сликата, да провери дали истата е објавена на друго место, да пронајде слични слики или да ви помогне да идентификувате предмети, локации, производи и текст. Оваа алатка е одлична за проверка на автентичноста на сликите и идентификување на дезинформации.
До Google Lens може да пристапите до преку Google Photos во вашиот пребарувач или директно преку апликацијата Google на вашиот телефон.
Кога ќе ја отворите апликацијата Google на вашите телефони, ќе ја забележите иконата со фотоапаратот десно од полето за пребарување. Со кликнување на иконата, ќе бидете пренасочени директно до вашата камера. Тука можете да фотографирате нова слика користејќи ја камерата или да прикачите слика од вашата галерија со клик на иконата во долниот лев агол.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.