d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.

Бриони- огледало на нашата негрижа

Автори на фото сторијата: Изабела Јованова и Александра Брашнарова, СОУ „Славчо Стојменски“, Штип

Ресторанот Бриони, сместен во паркот Суитлак, буди пријатни спомени кај штипјани. Но, денес, местото за одмор, забава и уживање во штипските специјалитети нуди само една непријатна глетка. Долгогоднишната традиција на овој објект годинава замре и тој повеќе не е во функција. Жална е сликата што ќе ја видите ако сакате да го посетите Бриони.

 

brioni ogledalo na nasata negriza 1Додека градот се урбанизира со нови градби, ова атрактивно место ја губи својата физиономија.

 

brioni ogledalo na nasata negriza 2Штипјани се уште го паметат квалитетот на забавата која ја нудеше Бриони, но сега се останати само трагови од тоа.

 

brioni ogledalo na nasata negriza 3Детскиот џагор во летната градина на ресторанот беше секојдневна слика. Големата фонтана, околу која секој уживал во својот оброк, денес повеќе наликува на бара.

 

brioni ogledalo na nasata negriza 4Некогашната летна бавча повеќе не е омилено место за семеен ручек и детски игри.

 

brioni ogledalo na nasata negriza 5Бриони беше добар домаќин и во зимската сезона со празнична еуфорија и топлина.

 

brioni ogledalo na nasata negriza 6Полуразурнатиот објект денес претставува закана за посетителите и дава лоша слика за градот Штип.