d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.

Денешната негрижа е утрешна последица

Зачувување и заштитата на живиот свет во Струмичкиот регион и природните богатства како што се водопадите во Колешино, Габрово и Смолари, Моноспитовското блато и Мокринските извори за малкумина се приоритет и одговорност. Јасно се гледа разликата меѓу оние места кои останале недопрени од човекот и оние каде тој оставил своја трага. И покрај тоа што повеќето од овие локации се заштитени подрачја, сепак луѓето кон нив се однесуваат несовесно и без почит. Колку повеќе човекот ја модифицира природата прилагодувајќи ја само за себе, толку повеќе таа ја губи својата автентичност. Човекот, како по правило, се почесто наоѓа начин да ја узурпира природата, нарушувајќи ја рамнотежата на живиот свет.

Марија Ѓорѓиева СОУ „Добри Даскалов“, Кавадарци
Кристина Конева СУГС „Орце Николов“, Скопје