d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.

И штипјани мигрираат

Автори на фото сторијата: Невена Кимова, СУГС „Никола Карев“, Скопје и Стефани Василевска, СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, Скопје

 

i stipjani migriraat 1Стара куќа во центарот на Штип, чии сопственици се иселиле во почетокот на 2002 година, но иселувањето почнало во 1990 година. Мотивот за иселување е ниската плата, животниот стандард како и несоодветното работно место. 12.06.2018

 

i stipjani migriraat 2Бугарска табличка видена на автобуската станица во Штип. Бугарското државјанство стана шанса за младите да просперираат во било која држава. 12.06.2018

 

i stipjani migriraat 3Четвртиот перон на автобуската станица во Штип секојдневно е сведок на многуте заминувања и враќања во Штип.
11-годишниот Стефан кој се вратил од Белгија, нестрпливо ја очекува средбата со своите роднини од Штип. 12.06.2018

 

i stipjani migriraat 4Иселувањето на младите резултира со потребата за работен кадар во местото од кое тие се иселиле. Една од многу прометните пекари во Штип. 13.06.2018-центарот на Штип

 

i stipjani migriraat 5Според Агенцијата за вработување на Р.Македонија  над 50% од невработените се младите до 29 години. Многу млади иднината ја гледаат во странство. 12.06.2018-парк во Штип

 

i stipjani migriraat 6Раде Бојчиновски (80 год.), живее во Штип со својата сопруга целиот свој живот. Како и многу пензионери и тој е погоден од миграцијата во Штип, неговиот син веќе 8 години живее во Словенија а неговите внуци живеат во Англија. 13.06.2018

 

i stipjani migriraat 7Анел Селмани (25 години), завршил Правен факултет во Скопје, работи како молер во една од зградите во Штип и веќе има аплцирано за виза во Швајцарија. 13.06.2018 – пред една од зградите во Штип

 

i stipjani migriraat 8Петгодишната Бојана Крстовска, која живее во Чешиново е дојдена за летниот распуст во Штип и е во потрага по нови другарчиња. Сепак тоа е неуспешно бидејќи градинките и училиштата се недоволно исполнети со деца поради масовното иселување.  13.06.2018 – детското игралиште.

 

i stipjani migriraat 9Млада девојка се наоѓа на единстената станица во Штип од каде тргнува за Љубљана на студии со намера да го продолжи животот во некоја од државите во Европа. 12.06.2018

 

Фото приказната „И штипјани мигрираат“ е изработена во рамки на проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска и информациска писменост“, поддржан од Европската Унија.