Активирај се | Создадено од вас |

Поглед кон Беласица

feat-img

 

Посебната географска локација помеѓу медитеранската и континенталната зона, стрмните падини и високите врвови, вековните шуми и малите, но убави реки ја прават Беласица извор во Срцето на Балканот.

Весели, цврсти, насмеани и горди, ова се луѓето на Беласица. Луѓето што живеат на оваа подрачје се длабоко поврзани со планината. Тука сеуште можете да најдете некои постари луѓе кои живеат во вековни живописни куќи.

 

 

Има многу ретки видови како што е Папратот (Osmunda Regalis) или Кралска Папрат. Поимот Кралска Папрат произлегува од фактот што овој папрат е најголем (нај масивен) папрат од сите други папрати во Европа. Општина Струмица во 1987 год. донела одлука за заштита на Кралската Папрат.

 

 

Падините на планината се покриени со најголемиот костенов шумски масив на Балканскиот Полуостров, како и со магични буки и рамни шумски предели. Шумата нуди многу плодови, јаготки, боровинки, малини. Во рано лето кога им е сезоната, ливадите добиваат црвена боја од нивните бројни плодови.

 

 

Водопадите на планината Беласица во струмичко и понатаму се мета на илјадници посетители од земјава и странство.

 

 

Смоларскиот водопад е единствен постојан водопад во Македонија со пад на водата од 39,5 метри.

 

 

Се е производ на човечката активност, а природата предупредува. Да превземеме активности за заштита на животната средина!

 

Aтанасие Заев, СУГС „Орце Николов“, Скопје
Анастасија Димкоска