Едукација за одржлив транспорт и влијанието од сообраќајот
Во рамки на ,,Европската недела на мобилност”, скопските средношколци се едуцираа за придобивките од одржливиот транспорт. Учениците од СУГС ”Раде Јовчевски-Корчагин” посетија Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС) во главниот град и се запознаа со придобивките од функционирањето на овој центар.
Меѓудругото, се интересираа за работата на сообраќајните инженери, како и за влијанието на сообраќајот врз квалитетот на животната средина.
Средношколците, пак, од СУГС „Георги Димитров“, се едуцираа за придобивките од користењето на одржлив транспорт и ефектот врз природата, климатските промени и емисиите на СО2. Во дворот на училиштето беше поставен камион училница, лабораторија на тркала, којашто се снабдува со енергија од соларни панели. Едукативните часови завршија со герила акција во центарот на градот, со едукативни содржини за одржлив транспорт.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.