Медиумски ден 2017
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста в среда, 6 декември го организира третиот Медиумски ден, при што повеќе печатени, електронски и онлајн медиуми од Скопје, Битола и Куманово ќе бидат домаќини на ученици од повеќе средни училишта од цела Македонија. Идејата на овој настан е публиката, а особено младите, да се запознаат со улогата на медиумите во општеството, начинот на функционирање на една редакција, како и со основните новинарски професионални стандарди.
Оваа година домаќини ќе бидат следните медиуми: дневниот весник Нова Македонија, Јавниот сервис МРТ1, ТВ 21 од Скопје, Тера ТВ од Битола, ТВ Плус од Куманово, новинската агенција Макфакс и Радио МОФ. Медиумите-домаќини кои се приклучија на иницијативата ќе известуваат за посетите на средношколците.
Ова е трет Медиумски ден што го организира Високата школа. Минатата и оваа година, овој настан се спроведува во рамките на проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост“ што Високата школа го реализира во партнерство со Институтот за различности во медиумите и весникот „Нова Македонија“, со поддршка на Европската Унија.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.