Кампот за медиумска писменост во 4 минути
33 учесници од 17 училишта од 10 града овој јануари учеа како да препознаат дезинформации, да пишуваат вест, да направат добра фотографија, да снимаат и монтираат видеа на телефон.
Резултатот од кампот за медиумска писменост се 5 фото приказни и 7 видеа кои имавте прилика изминатите два месеци да ги гледате на www.medium.edu.mk.
Откако слегнаа впечатоците од Кампот ги прашавме учесниците како си поминаа и дали она што го научија им беше корисно.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.