Медиумска лабораторија во Дебар
Околу педесет ученици од гимназијата „Здравко Чочковски“ од Дебар учествуваа на тринаесеттата медиумска лабораторија што ја организираа Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и дневниот весник „Нова Македонија“. На двочасовната активна работилница учениците се запознаа со основите на новинарството, техниките за пишување на новинарска вест, а се дискутираше и за новинарските професионални стандарди во Македонија.
Оваа предавање го одржаа Алаксандра Теменугова од Високата школа и Марјан Велевски уредник во „Нова Македонија“, со цел да се подигне медиумската писменост во средното образование што се реализира во рамки на проектот „Коалиција за медиумска писменост“, финансиран од ЕУ.







Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.