Младите заинтересирани за активности за еколошки прашања, недостасуваат иницијативи од институциите
Младите сакаат да бидат активни учесници во заштитата на животната средина, но се соочуваат со бројни бариери и пречки. Клучни предизвици се недостатокот на соодветна едукација и волјата од страна на институциите, особено локалните, кога станува збор за еколошки прашања. Истражувањето на здружението „Гоу Грин” покажува дека 68,6% од младите се изјасниле дека никогаш не биле поканети на еколошки настани од локалните институции. Јакнењето на соработката помеѓу младинските НВО и општините е клучно за зголемување на вклученоста на младите.
Прилог на Илка Али ученичка во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ која беше еден месец на пракса во МТВ 2.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.