Филмски и театарски фестивал во „Никола Карев“
Во гимназијата „Никола Карев“ се одржа настанот „Три дена култура“, кој опфати средношколски филмски фестивал, театарски перформанси, музички настан и дигитална изложба. Учениците, од 21 до 23 февруари, имаа можност да ги претстават своите авторски дела, снимени кратки филмови, театарски претстави, да настапат со своите музички бендови,а и да ги промовораат своите фотографии.

Најдобриот краток филм беше избран со тајно гласање од публиката.
„Три дена култура“, освен што им даде можност на младите средношколци да дишат со нова енергија, а во исто време им го отвори патот за нови свежи идеи, сфаќања и размислувања за уметноста.


Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.