Натпревар за едноминутно видео
За сите кои би сакале да се соочат со предизвикот да создадат едноминутно видео со своја интерпретација на Шекспир, Делегацијата на ЕУ и Британскиот совет го објавуваат видео натпреварот “Шекспир@1минутно видео”, по повод неговиот 450-ти роденден.
Видеото може да биде инспирирано од самиот Шекспир, од негов акт, сцена, цела драма или тема што претставува комбинација од повеќе драми. Може да создадете класична или модерна видео интерпретација на шекспировото дело, живот или оставштина во времетраење од 1 минута. На натпреварот може да се пријават сите граѓани, без ограничување на возраста.
Комисијата ќе избере 3 најдобри видеа и ќе додели прва, втора и трета награда. Наградите се:
o Прва награда – еден таблет компјутер и комплетните дела на Шекспир во превод на Драги Михајловски
o Втора награда – комплетните дела на Шекспир во превод на Драги Михајловски
o Трета награда – пакет промотивни материјали на ЕУ
Рокот за пријавување е 21 мај.
Повеќе детали за натпреварот тука.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.