Плурал+ го објави конкурсот за најдобро видео
Алијансата на цивилизации при Обединетите Нации го објави конкурсот – „Интернационална плурал + награда“ за најдобро видео кое ќе ги рефлектира ставовите на младите за миграција, социјална инклузија и разновидност. Наградените ќе добијат парична награда од 1.000 американски долари и покана за присуство на церемонијата за доделување награди (платени трошоци), која ќе се одржи во Њујорк, САД.
Учесниците не треба да бидат постари од 25 години. На едно видео може да работат повеќе луѓе. Преку овој конкурс се стимулира вклучување на младите во решавање на проблемите со интеграција на мигрантите, човековите права и прифаќање на различностите.
Останатите награди вклучуваат 500 американски долари, учество на други конкурси, дипломи и сертификати. http://pluralplus.unaoc.org/

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.