Прилепчанки доминираа на натпревар по француски јазик
Три ученички од гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп ги освоија првите три места на регионален натпревар по правопис, односно спелување.
Марија Андоноска, Марија Митреска и Ангела Зероска со ваквиот пласман се пласираа на државниот натпревар што на трети декември треба да се одржи на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Нивна менторка е професорката Мирјана Бошковска.
На регионалниот натпревар, кој се одржа во битолската гимназија „Јосип Броз Тито“, покрај прилепските гимназијалки учествуваа и ученици од Битола, Ресен, Крушево, Демир Хисар и од Могила.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.