Прва ораторска вечер на прилепските гимназијалци
Учениците од Младинската заедница при прилепската гимназија „Мирче Ацев“ ја организираа првата ораторска вечер во градската библиотека „Борка Талески“.
Девет ученици од различни години се претставија на темата „Образована и мотивирана младина – иднина и движечка сила на општеството“. Најдобрите тројца ученици беа наградени со дипломи и книги, а директорот на гимназијата на сите оратори им додели пофалници. Ораторскиот натпревар беше целосно организиран од гимназијалците, кои ги обезбедија наградите, го избраа жирито и ги определија критериумите за објективно оценување. Додека жирито ги сумираше бодовите, се претставија и најдобрите музички интерпретатори. Прилепските гимназијалци се надеваат дека ораторската вечер ќе премине во традиција.
Бисера Мицеска, III -1 клас, Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.