Средношколски конкурс за мултимедијални продукти
Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието и Македонскиот институт за медиуми го распишаа средношколски конкурс за мултимедијални продукти на тема: „Мулти-виа-медиа: Како го градиме соживотот во училиштата“.
Целта на конкурсот е да се поттикнат учениците и наставниците од средните училишта да продуцираат мултимедијални продукти со кои ќе ги претстават училишните активности посветени на меѓуетничка интеграција во образованието. На конкурсот може да се аплицира најдоцна до 31-ви јануари со видео приказна, фото-сторија и/или мултимедијална сторија. Не постои ограничување на бројот на мултимедијални продукти со кои едно училиште може да аплицира. Најдобрите ќе бидат наградени со камера „ГоПро 3“ и лап-топ (прво мето), камера „ГоПро 3“ (второ место) и дигитален фотоапарат (трето место). Сите информации за конкурсот се достапни на www.pmio.mk.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.