Шведски средношколци ја посетија охридската гимназија
Традиционалната соработка меѓу охридската гимназија „Свети Климент Охридски“ и шведското училиштето „Naverlönnskolan“ од Малме, ги донесе шведските средношколци кај своите врсници во Македонија.
Шведските ученици ги предводеше професорот Љупчо Ларс Ралевски, Македонец по потекло и вљубеник во земјата, чија желба и намера е да ги запознае своите ученици и колеги со македонските убавини, како и со нашиот образовен систем.
Во рамки на посетата, домаќините од охридската гимназија, ги прошетаа гостите низ образовната институција. Учениците во спортската сала одиграа пријателски одбојкарски натпревар, а се дружеа и надвор од гимназијата. Во пресрет на матурската парада, Швеѓаните имаа прилика да ги проследат и ученичките подготовки околу неа.
Раководните лица од гимназијата изјавија дека во иднина се планира и возвратна посета на охридските средношколци во Шведска.
Автор: Алберта Гулицовска, психолог во гимназијата „Св. Климент Охридски“ Охрид

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.