Тренинг за културна соработка
Проектот Cultural Crossroads организиран од клубот на УНЕСКО и Младинската Алијанска од Крушево во соработка со АЕГЕЕ од Тирана ги покануваат младите од Македонија и Албанија на возраст од 16 до 30 години да учествуваат на тренинг за културна соработка од 5 до 9 јуни во Крушево.
Целта на проектот е да формира платформа што ќе поттикне заедничка соработка на младите луѓе од Македонија и Албанија. Учесниците на тренингот ќе бидат опремени со знаења за како да користат техники и вештини за градење на ефикасни билатерални односи, како и разработување на стратегии за взаемно разбирање на двете култури. По завршувањето на тренингот планирано е да се лансира кампања на друштвените мрежи со слоганот „United we stand, divided we fail“.
Трошоците за патување, хотелско сместување и храна ќе бидат покриени од организаторот.
Повикот е отворен до 20 мај. Аплицирајте тука.
Повеќе информации за овој тренинг на веб страната.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.