Учениците од „Дрен“ го посетија Министерството за финансии
Учениците од втора година од средното економско училиште „Васил Антевски-Дрен“ беа во посета на Министерството за финансии на Македонија, каде присуствуваа на презентација на носење на Буџет. Учениците, имаа можност теоретските знаења да ги поврзат со практичните. Се сретнаа и со министерот Драган Тевдовски кој им објасни дека сите придонесуваат за финансирање на државниот Буџет и кога пазаруваат задолжително да побараат фискална сметка. Исто така им посочи да го видат Граѓанскиот буџет за 2018 година и да дадат сугестии за подобрувања кои би можеле да се земат во предвид при подготовката на следниот граѓански буџет за 2019 година.


Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.