Ученици во Гевгелија собраа повеќе од 50 килограми пластичен отпад
Повеќе ученици од три основни и едно средно училиште во Гевгелиско учествуваа во екоакција на улицата Илинденска во Гевгелија и сите заедно собраа повеќе од 50 килограми пластичен отпад.
Организатор на оваа екоакција беше здружението „Чејнџ мејкерс фор ол“ (ChangeMakers4All), од каде што велат дека учениците покажале дека сакаат да живеат во чиста животна средина.
Во акцијата учествуваа трите основни училишта: „Крсте Мисирков“, чиј тим собра 18 килограми пластика, „Владо Кантарџиев“, чии ученици собраа 15 килограми и „Страшо Пинџур“ со соберени околу 11 килограми пластичен отпад.
Тимот средношколци од гевгелиското училиште „Јосиф Јосифовски“ собра девет килограми пластика.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.