Битолски соученички издадоа заедничка двојазична книга
На 4-ти мај двете соученички од прва година во битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ Бесјона Јусуфи и Ангела Пандовска во Центарот за култура ја промовираа заедничката книга „Различни, а сепак исти“. Книгата е двојазична – на македонски и на албански јазик. Промотор, а воедно и рецензент беше професорката по Македонски јазик и литература, Соња Живковиќ-Ѓоргиевска, која истакна дека ова е по многу нешта специфична книга: двете девојки сакаат да припаѓаат на модерното време, без предрасуди, дело во кое има позитивни чувства, а читателот може да ја вкуси приказната за двата различни карактери кои сепак имаат нешто заедничко … љубовта.
Обете имаат објавени дела: Бесјона лани ја промовираше збирката поезија и проза „Стиховите ме потсетуваат“, а Ангела е автор на книгата „Животот на една девојка“.
Марта Миловановска, I-година во СОУ „Ј. Б. Тито“ – Битола

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.