„Браќа Миладиновци“ со повеќе награди од тракторските натпревари
Скопското ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ освои повеќе индивидуални и екипни награди на тракторските натпревари што се одржаа оваа недела во Куманово.
Учениците екипно освоија прво место за органско производство, а во истата дисциплина во поединечната конкуренција најдобар беше средношколецот Горан Младеновски, а второто место го освои Стефан Станоески. Средношколците се подготвуваа за натпеварот под менторство на професорката Костадинка Јакимовска.
Во вешто орање со трактор ученикот Мартин Нешковиќ беше втор, предводен од професорот Илија Јандрески, додека за препознавање на коски и органи ученичките Маја Јованова и Ангела Павловска го освоија третото место, под туторство на професорот Ивица Спасовски.
Учениците и професорите велат дека и покрај големиот успех, најважно е што од натпреварот се вратиле побогати со искуства, што потврдува зошто е вредно да се биде дел од училиштето „Браќа Миладиновци“.
Никола Попов, професор во СУГС Браќа Миладиновци

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.