Еко-Фап: кога волонтерите помагаат на институциите
Постојат групи ентузијасти и здруженија на граѓани кои работат тивко, а нивната работа е најгласна. Работејќи за доброто на градот ја зголемуваат индивидуалната свест. Таквите луѓе се пример за тоа како секој од нас треба да размислува за општественото добро. да го направи својот град подобро место за живеење. Видеото е изработено од Елена Наумовски, Весна Јованоска, Александра Хаџи-Митова Јанкоска и Иван Стојановски.
Видеото е изработено како завршна задача на мастер часовите за медиуми и новинарство, организирани од Институтот за комуникациски студии и ИРЕКС во рамките на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.