Со уметнички израз против употребата на дрога
Средношколци од девет средни училишта од главниот град на Македонија учествуваа на завршниот настан за проектот „Советувалишта за превенција од дрога“ што го организираше невладината организација Х.Е.Р.А. во соработка со Град Скопје. Учениците имаа различни уметнички настапи во шест категории: поезија, театар, танцова изведба, видео, фотографија и ликовна изложба. Целта на настанот, именуван како „Изборот нека биде среќа“, имаше за цел поголема информираност на младите околу заштитата од дроги и намалување на последиците, како и поддршка на лицата на кои им е потребна помош.
Во рамки на соработката меѓу Градот Скопје и Х.Е.Р.А, пред пет години, на Водно, беше отворено и советувалиште за средношколци за превенција од дроги. Учениците може да го посетат со своите родители или професори и да ги дознаат одговорите на сите прашања во врска со оваа тематика. Неговата цел е превентивна, да ги одврати младите луѓе од овој порок.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.