Свети Николе сонува за градски базен што го имаше пред децении
„Пред околу 60 години ние имавме базен, сега немаме.“ Зборовите на дедо Ванчо се мачен потсетник за промените кои ги носи времето, особено кога надвор температурата е плус 40 степени. Веројатно малкумина знаат дека во 50-те години на минатиот век, само во Свети Николе и во Сарај имало базен, тогаш направен со ударничка акција на млади светиниколчани.
„Младината нема каде да оди, од Свети Николе целата младина оди во Штип или Пробиштип. Секако дека треба, бидејќи временските услови во лето, многу е жешко.“, вели Ванчо Мастев.
Прилог на Марија Лазева ученичка во СОУ „Кочо Рацин“ од Свети Николе којашто беше еден месец на пракса во МРТ.
Оваа содржина е овозможена со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на ИРЕКС и на Институтот за комуникациски студии (ИКС) и не ги одразува ставовите на УСАИД или Владата на Соединетите Американски Држави.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.