Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Изрази се преку медиумите

Конкурс за најдобар средношколски медиумски производ

„ИЗРАЗИ СЕ ПРЕКУ МЕДИУМИТЕ“

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ги повикува средношколците во  Македонија да се пријават на конкурсот за најдобар медиумски производ „Изрази се преку медиумите“ на тема „Би сакал/а во мојата општина да ...“. Учениците и училиштата можат да аплицираат со фотоприказна, постер или едноминутно видео.

Медиумските производи треба на оригинален начин треба да ги пренесеат идеите, интересите и барањата на учениците за урбанистичка, културна или каква било промена што според нив е неопходна во општината во која живеат. Во своите трудови учениците треба да аргументираат зошто е потребна интервенција на локалните власти (реновирање или изградба на инфраструктура за млади, недостиг на спортски и културни центри и сл.).

Целта на овој конкурс е да се поттикне медиумската писменост кај младите, кои на креативен начин ќе покажат дека умеат да ги користат медиумите за да предизвикаат промена во средината во која живеат.

Изработка

Фотоприказната треба да содржи од 6 до 8 фотографии со легенда (кус текст што ќе го објасни значењето). Текстот под фотографиите може да биде на кој било од јазиците и писмата што се употребуваат во Македонија.

Постерот треба да изразува јасна и оригинална порака на авторот, изразена преку креативен дизајн.

Видеото треба да се објасни со текст од еден параграф. Видеото не треба да биде подолго од една минута. Доколку се користи музика во видеото, треба да се почитуваат авторските права. Дијалозите или која било друга форма на комуникација може да бидат на јазиците што се употребуваат во Македонија.

Право на учество

На конкурсот може да се пријават ученици од прва до четврта година од сите средни училишта во Македонија и самите училишта. Дозволено е групно учество на соученици, но ако производот биде награден, наградата ќе се додели на авторот или носителот на пријавата. Доколку училиште се јавува како учесник, наградата ќе се додели на училиштето. 

Учесниците може да поднесат повеќе производи во различни формати.

Корисни информации како да се изработи фотографија / фотоприказна или да се снима и монтира видео.

Награди

За авторите на 10-те најдобри производи, Високата школа обезбедува учество на летен камп за медиумска писменост во јуни.

Пријавување

Кандидатите треба да пополнат Формулар за пријавување и заедно со изработениот продукт да го испратат на е-адресата medium@medium.edu.mk најдоцна до 29 април 2018 година.

Контакт

Александра Теменугова, temenugova@vs.edu.mk, 02 30 90 004.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk