Активирај се |

Што направија средношколците на Кампот за медиумска писменост 2024?

Ви откривме што правеа средношколците на Кампот за медиумска писменост, а сега и што направија. Резултатот од многу труд, тимска работа и забава се 6 новинарски приказни за вештачката интелигенција, дезинформациите, онлајн безбедноста, заштитата на животната средина, влијанието на инфлуенсерите и екологијата кои вреди да ги погледнете и прочитате.

Како работеа нашите мини редакции, но и која група победи на нашиот мал натпревар за најдобар медиумски продукт дознајте од видеото.

Кампот за медиумска писменост се организира трета година по ред во рамки на проетот „Користи факти“ финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје.

Новинар: Катерина Топалова

Снимател: Иван Поповиќ

Монтажа: Мајда Бошњак Атанасовска