Анализа на содржина |

Со пропагандата, нездравата храна станува здрава  

Пропагандните пораки  „здрава храна“, „висока нутритивна вредност“, „природен извор на витамини“ и слично ни се добро познати. Тие често се дел од стратегиите на компаниите од прехранбената индустрија кои во трката за профит се подготвени лажно да ја рекламираат хранливата вредност на нивните производи.

Во последните десетина години, многу вештачки производи се продаваат како здрава замена за храната и затоа резултатот е очекуван – епидемиски размери на зголемување на тежината кај населението во светот кое е неразделно поврзано со пропагандата на компаниите од прехранбената индустрија.