Папокот на светот
Кај многу народи постои теорија на заговор која вели дека нивниот народ е лулка на човештвото, културата и цивилизацијата, односно дека сè потекнува од нивната земја. Таква кај нас Зета Македонија. Многу од експертите кои ги „изучуваат“ и пропагираат теориите на заговор не се во доменот на нивното стручно образование, туку се развиваат како хоби кое преминува во опсесија. Многу често овие теориите на заговор за најстариот народ на земјата, имаат некои своеволни толкувањата на имињата, симболите кои не се научно поткпрепени, туку тоа е фантазмагорично.
Наш „експерт“ е Филип Исконски, математичар, пронаоѓач, истражувач, композитор и писател. Тој се занимава со истражувачка активност од областа на палео-лингвистиката дури од 2001 година и ги проучува древните македонски споменици, Зета Македонија и културата ширум светот.
И овој пат нагласуваме дека се работи за измислени ликови, а сè во ова видео е измислено, со цел да се претстави една теорија на заговор и да се укаже на внимание и наратив кој може да стане опасен за општеството.
Поврзани стории:

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.