Гуглај паметно |

ХААРПУНОТ на човекот и Моби Дик

Теоријата на заговор дека ХААРП – системот може да ги контролира временските услови, да предизвикува суши, земјотреси, поплави итн, па дури и да ги контролира расположенијата на луѓето е една од најпознатите теории на заговор.

Oфицијалниот опис на ХААРП – системот и неговата употреба е дека тоа е систем на антени, за истражување на јоносферата кои работат на високи фреквенции и кои по потреба, дополнително, може да ја „возбудат“ јоносфера во ограничена област – заради истражувања. Една од работите кои се препишуваат на ХААРпот – се климатските промени, земјотресите и другите, иако научно е потврдено дека главните причини за климатските промени се: дефорестацијата, јаглерод диоксидот, ефектот на стаклена градина…

Но, теоретичарите на заговор секогаш брзаат некој „невообичаен“ феномен да го препишат на она на кое го заговараат. Обично луѓето кои зборуваат, ги шират и ги  „изучуваат“ теориите на заговор, се самопрогласени експерти. Таков е и овој случај.

За да го приближиме тој свет на теории на заговор, во конкретниот случај за ХААРП- системот, користиме измислен лик, Ламбе Молњановски, кој е „експерт за метеорологија“.

Напоменуваме, дека сè во ова видео е измислено, со цел да се претстави една теорија на заговор и да се укаже на внимание и наратив кој може да стане опасен за општеството.