Моделирање на вистината
Сè што читаме и пребруваме или сè она за што искажуваме интерес пребарувајќи на Интернет, се снима и складира во база. На тој начин се прави еден модел од вештачка интелигенција (ВИ) за секого во кој е сместено нашето однесување. Овој модел потоа може да се употреби или злопуотреби за да нѝ се сервира некоја инфомација.
Така може да се објасни зошто нѝ се појавуваат одредени реклами или текстови, откако сме пребарувале на таа тема – наречено таргетрање. Меѓу последните афери беше „Кембриџ аналитика“ кога беа злоупотребени податоци од ФБ корисници за таргетирани реклами. Ова е опасен диксурс, бидејќи влијае врз јавносто мислење, велат нашите сооговорници, професорите од ФИНКИ Иван Чорбев и Петре Ламбески и експертот по нови технологии Стефан Палитов.
За ова, но и за хуманоидните ботови, за тоа кој ги користи и за какви цели, слушнете во нашата трета епизода посветена на Вештачката интелигенција со наслов „Моделирање на вистината“.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.