Како да ја процените големината на толпата со Mapchecking: Водич за анализа на собири
Во време кога бројките за присутност на настани често се преувеличуваат или минимизираат, важно е да имаме објективен начин за проценка на големината на толпата. Mapchecking е корисна алатка што овозможува анализа на фотографии и видеа од собири, овозможувајќи попрецизно пресметување на бројот на луѓе. Со означување на областа на мапата и избирање на соодветна густина на толпата, оваа алатка ви помага да добиете реална слика за вистинската големина на еден настан. Во овој водич ќе објасниме како да ја користите Mapchecking за да направите објективна проценка.
Maphecking е алатка која може да ви помогне да ја проецените големината на толпата на настани преку анализа на фотографии или видеа од собирот. Со означување на просторот на мапа и споредување со густината на толпата, можете да добиете попрецизен број на присутни. Алатаката е особено корисна за проверка на лажни тврдења за големина на толпата што често се преувеличуваат или минимизираат во медиумите.
Кога ќе ја посетите веб-страницата на Mapcheking, ќе видите интерактивна мапа која го покрива цел свет. Можете да зумирате и одзумирате за да го лоцирате местото каде што се одржал настанот или можете да ја користите опциајта за пребарување во горниот лев агол за брзо да пронајдете конкретна локација.

За да ја изберете областа, треба да кликнете на мапата за да поставите точки околу периметарот на местото каде што се случил настанот. Секој клик поставува нова точка на мапата, формирајќи ја границата на областа. Откако ќе додадете две или повеќе точки на мапата ќе се поврзат обележувајќи ја зоната на настанот, а потоа можете да ги движите точките. Поставете ги точките внимателно за целосно да го опфатат просторот каде што имало луѓе. Можете да додадете онолку точки колку што е потребно за да ја рафинирате формата.

Најважниот дел при користење на оваа алатка е проценката на густината на толпата. Алатката ви овозможува флексибилно да ја прилагодите проценката според реалната ситуација на теренот. Mapchecking нуди три различни нивоа на густина на толпата:
- Ретко – За мали гужви, каде што луѓето се распослани.
- Средно – За умерено преполни собири, каде што луѓето стојат релативно блиску еден до друг.
- Густи – За набиени толпи, каде што луѓето се рамо до рамо.

За да ја процените густината на толпата, користете го деталниот водич со фотографии и скици и споредете го со фотографиите, видеата или вашето сопствено искуство од настанот.
Откако ќе ја изберете густината на толпата, Mapchecking автоматски ќе го пресмета проценетиот број на луѓе врз основа на областа што сте ја означиле и густината што сте ја избрале.
Поврзани стории:
Како да ја проверите автентичноста на сликите со Google Lens
Кој стои зад веб-страницата? Користете Domain Tools за проверка!