Конкурсот „Изрази се преку медиумите“ овозможува средношколците преку изработка на медиумски содржини креативно да ги изразат своите ставови за темите кои ги засегаат и да поттикнат промена. Повеќе од 10 години преку овој конкурс ИКС ја поттикнува медиумската писменост кај младите овозможувајќи им платформа за слободно изразување и промоција на нивните идеи.
Изрази се преку медиумите 2020
Дигиталните вештини се нужност и се исто толку важни како што е важно читањето, пишувањето, зборување и разбирањето. Ова е еден од заклучоците на онлајн дебатата „Дигиталната писменост – неопходни вештини за онлајн настава“ што на 24 април 2020 г. ја организираа Институтот за комуникациски студии и Делегацијата на Европската комисија во земјава како завршен настан од средношколскиот конкурс „Биди медиумски активен/-на“ со кој се одбележи Европската недела на медиумска писменост 2020.
Изрази се преку медиумите 2019
Темата за годинешниот конкурс е „Сакам да живеам во чиста околина“, која е дел од кампањата од јавен интерес за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ што ја реализира ИКС со финансиска поддршка на Владата на Обединетото Кралство. Цела деценија преку оваа и слични иницијативи се обидуваме да ги поттикнеме средношколците да го кажат својот став, да бидат гласни и критички граѓани кои знаат во какво општество сакаат да живеат.
Изрази се преку медиумите 2018
Идејата на конкурсот беше да се поттикне медиумската писменост кај младите, кои на креативен начин ќе покажат дека умеат да ги користат медиумите за да предизвикаат промена во средината во која живеат. На конкурсот се пријавија 50тина ученици од цела Македонија. Конкурсот е дел од проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска и информациска писменост“, поддржан од Европската Унија.