d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.
Image Alt

Медиумска писменост

Зошто е важна медиумската писменост?

Во историјата на човештвото, досега не сме имале поголеми можности да бидеме информирани. Но, тоа не значи дека секогаш се информираме на правилен начин. Информациите, но и сите други медиумски содржини честопати можат да бидат еднострани, половични, наведувачки, да бидат полувистинити или целосно неточни.
Да се биде медиумски писмен значи да умееме критички да ги читаме информациите, да проценуваме како е создадена и со која цел.

Што е медиумската писменост?

Постојат многу дефиниции за медиумската писменост. Сепак, најширокиот консензус е постигнат околу клучните компетенции кон кои треба да се стремиме за да можеме да се наречеме медиумски писмени – и индивидуално и општествено:

  • Пристап – да знаеме како да дојдеме до информациите кои ни се потребни
  • Анализа и проценка – да знаеме како критички да ја восприемаме одредена информација
  • Продукција – да умееме да креираме медиумска содржина во најразлични форми
  • Примена – да знаеме како да делуваме во најшироко медиумско опкружување, да бидеме етични и безбедни при комуницирањето
  • Проактивност – ова е највисокото ниво на медиумската писменост: граѓаните да иницираат промени во општеството користејќи ги предностите на медиумите

Основни прашања за медиумската писменост?

Обиди се деконструираш медиумска содржина, одговарајќи на клучните прашања за медиумска писменост. Земи било која содржина (вест што си ја прочитал/а на некој вебсајт, фотографија, документарен филм, театарска престава, реклама или сл.) и обиди се да ги анализираш и откриеш “невидливите“ детали:

  • Кој е авторот? Компанија? Индивидуа? (Ако е, кој е?) Комичар? Актер? Анонимен извор? Што мислиш за тоа?
  • Што е целта? Дали е за да те информира што се случило во светот (на пример, новинарски извештај?) Дали за да го смениш мислењето или однесувањето (колумна или туторијал?) Дали за да те насмее (некое смешно меме?) Дали за да те натера да купиш нешто (реклама?) Што мислиш за тоа?
  • За кого е пораката? За деца? Возрасни? Момчиња? Девојчиња? За луѓе со посебни интереси? Зошто мислиш така?
  • Кои техники се употребени за да биде оваа порака кредибилна и веродостојна? Дали има статистики од реномиран извор? Дали содржи цитати од експерти? Кој ја кажува пораката? Зошто мислиш така?
  • Кои детали се испуштени и зошто? Дали информацијата е избалансирана со различни мислења или презентира само една страна? Дали ти недостасуваат повеќе информации за целосно да ја разбереш пораката? Зошто мислиш така?
  • Како се чувствуваш од пораката? Мислиш ли дека и другите се чувствуваат исто како тебе? Дали повеќето го чувствуваат истото или некои луѓе не се согласуваат со тебе? Зошто мислиш така?

РЕСУРСИ