Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.
Користењето зборови и изрази како ХАОС, УЖАС, СТРАВ, ОПАСНОСТ, во врска со појавата на змии во општина Аеродром, е употреба на претеран јазик (loaded language) и може да предизвика паника меѓу граѓаните. Кога се споделуваат вакви информации, мора да се внимава јазикот да биде соодветен на вистинската состојба.
Главната фотографија која ја споделуваат сите медиуми како доказ за појавата на змии во општина Аеродром и која како илустрација во соопштението на СДСМ е преземена од постот на граѓанската организација „Ново Лисиче“ е симната од интернет, од австралиска веб-страница. Во медиумите приказната се илустрира и со други фотографии од опасни змии кои се избрани за да делуваат страшно за публиката. Изборот и употребата на неавтентични и неверодостојни фотографии во медиумите и на социјалните мрежи е неодговорен и вестите ги прави лажни.
Во соопштението на СДСМ се говори за ЕНОРМНА ПОЈАВА НА ЗМИИ, а всушност се видени само две, и тоа една жива во запуштената трева кај кулите на „Џевахир“ и една кожа од преслечена змија на тротоар кај маркетот „Тинекс“. Преувеличувањето на состојбите е особено неодговорно кога станува збор за опасности по животот и здравјето на децата.
Се користи изразот „нови 1300 км патишта“ за се што е направено, а нови се само 13 км. Таа бројка од 1300 км може евентуално да важи за вкупно изградени нови, реконструирани и рехабилитирани стари патишта, завршени веќе започнати патишта, локални улици и сокачиња итн. итн. Но и тоа за вкупно патишта гледаме дека се оспорува бројката од 1300 км.