„Алгоритам“ во ФИНКИ
Учениците од ПСУ „Алгоритам Центар“ го посетија Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство.
Тие се запознаа со основите на интелигентната роботика, им беше презентиран „супер комјутерот“ – најпаметниот и најбрзиот компјутер во Македонија, работеа на смарт таблите во училницата на 21-виот век и видоа како фунцкионира софтверот за мерење на загаденоста на воздухот во Скопје. Учениците се забавуваа и со малиот андроиден робот НАО, со вградени камери и 3Д ласерски скенер и со способност за маневрирање.
Aлександра Богдановска, ПСУ Алгоритам Центар – Скопје

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.