Четврта традиционална претстава на „Арсени Јовков“
Скопското економско и правно училишпте „Арсени Јовков“ ја одржа четвртата традиционална претстава „Твориме, создаваме и зборуваме на македонски јазик“ на 12-ти декември во Драмскиот театар.
Преку соодветни драматизации, во програмата беа опфатени повеќе сегменти од употребата на јазикот во македонската поезија, музиката, народната литература, практиката и во секојдневната комуникација. На сцената беше претставена драмската претстава „Итар Пејо, селаните и инвеститорот“, по текст и режија на професорката Розита Закева, се читаа народни мудрости, се пееја народни песни и се читаа антологиските „Т’га за југ“ и „Тешкото“. Настанот се организираше под мотото „Традицијата, фолклорот и обичаите – наше културно наследство“.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.