Издадена е монографија за „Браќа Миладиновци“
Скопското училиште „Браќа Миладиновци“ ја промовираше монографијата .„Минато, сегашност, иднина“ како дел од чествувањето на 50-годишниот јубилеј.
Целта е да им се оддаде почит на сите оние кои го започнаа, изодеа и на оние кои се уште го одат патот на едукацијата и развојот, патот кон подигањето на наставата и нивото на знаењата на учениците.
„Хумана и благородна е мисијата на нашето училиште. Да постоиш како училиште 50 гогдини е значајна и во текот на својот полувековен живот да им ги отвориш портите на знаењето на илјадници ученици и да ги испратиш како зрели луѓе со своја визија, за иднината е најголемата придбивка на воспитно-образовниот процес“, вели директорката на СУГС „Браќа Миладиновци“, Емилија Ангелова.
Монографијата е издадена со финансиска помош од Град Скопје, а беше промовирана минатата недела во Градската библиотека „Браќа Миладиновски“.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.