Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Исток Чаповски, матурантот во Меѓународното училиште НОВА е добитник на првата награда, видео-камера на средношколскиот конкурс „Изрази се преку медиумите“. Наградата ја освои со едноминутниот видео клип „Марионета“ инспириран од влијанието на медиумите врз најмладите. Второнаградениот средношколец Сергеј Сарчевски од скопската гимназија „Орце Николов“ доби таблет за видеото „Пародија на македонска домаќинка“, а ученикот Ѓорѓи Десподов од прилепската гимназија „Мирче Ацев“ од Прилеп доби фотоапарат за изработен постер.

ipmВисоката школа за новинарство и за односи со јавноста в четврток, 23 април 2015 г. од 10.30 - 12 часот во ЕУ Инфоцентар во Скопје ќе ги промовира наградените средношколци кои се пријавија на конкурсот „Изрази се преку медиумите“.

sportski-tereni2Тоа беа времиња кога имав повеќе слободно време, се дружевме со соучениците.  Договоравме термини, се собиравме, игравме, се забавувавме и смеевме, но истовремено и се натпреварувавме и учевме да бидеме тимски играчи. Бидејќи сме од мало гратче во училиште секој со секого се познаваше, но на тренинзите имав можност подобро да се запознаам и со оние со кои во училишните ходници и не бев толку блиска.

1-13Се што ќе произведеме во нашиот пластеник го продаваме и потоа тие пари се вложуваат во училиштето. Фармата, пак, им е од голема помош на учениците кои таму ја извршуваат својата пракса. Има каде да работат и да научат повеќе. Вака Симона Гоцева, средношколка од училиштето „Кочо Рацин“ од Свети Николе опишува колку им се од помош училишната фарма и пластеникот.

Јана Станоеска, професорка во СУГС „Браќа Миладиновци“ - Скопје

1-3Кога ќе седнеш да пишуваш за средношколски весник како што е „Медиум“, навистина треба да подзастанеш и размислиш околу прашањето: Што е она што би ги интересирало нашите ученици? Темите како технологија, едукација, интернет, забава, се редовни на нивното мени. Па затоа решив во мартовскиот број да „сервирам“ нешто што се заборава, а добро е постојано да го имаме на ум – родова рамноправност.

1-250 години напорна работа, 50 години многу љубов и вложен труд, 50 години истрајност и посветеност на работата, на генерациите кои минувале, кои минуваат, 50 години успех и белег во општвеството. На втори март многу ученици, наставници, вработени и гости ја наполнија салата на Драмскиот театар во Скопје и со насмевки на своите лица го прославија јубилејот на средното училиште „Георги Димитров“.

1-1Биди толерантен!, Сакај ги сите!, Имај соживот! беа дел од пораките испишани на балоните со кои средношколците од „Орде Чопела“ испратија јасни пораки против говорот на омраза во центарот на Прилеп. Тие испуштаа бели балони со позитивни изјави и црвени балони со негативни изрази.

1-7Маската „Каревјанци“ на карневалската група од средното училиште „Никола Карев“ во Струмица го освои првото место на Струмичкиот карневал во категоријата групна маска. Околу 90 средношколци од македонска и турска етничка заедница три месеци ги шиеја костимите, ги украсуваа со детали и ја усовршуваа кореографијата за сценскиот настап.

humanitarna-jbtДека хуманоста нема етничка боја и дека секому треба да му се помогне кога му е најпотребно со уште еден пример докажаа средношколците од скопското училиште „Јосип Броз Тито“.

gradinaДоколку имате смисла за убавина, естетика и детали, пејзажен архитект е идеална професија за вас. Тоа е работа со која се дизајнираат природните и изградените средина, од градски улици и паркови, училишта, зоолошки градини до национални паркови, а заради подобрување на функционалноста на просторот и визуелниот ефект.

zootexna-2015Средношколци од скопското ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“го посетија Меѓународниот саем за сточарство и живинарство „Зоотехна 2015“ што се одржа во јануари во Солун, Грција.

ku-bilingvalciСредношколците од билингвалните паралелки од кумановската гимназија „Гоце Делчев“ се запознаа со францускиот образовен систем и култура при еднонеделната посета на градот Дулен.

etuc-slovТриесет средношколци од скопското електротехничко училиште „Михајло Пупин“ ќе стекнат искуства како изгледа да се работи во компании во Европската унија преку посетата на Школскиот центар Крањ во Словенија.

gp-organicУченици од средното училиште „Ѓорче Петров“ од Кавадарци ја промовираа органската храна како важен дел од здравиот начин на исхрана и на одржливото земјоделско производство.

gjorgji-euЈордана Апостолова, Јована Цониќ и Ана Јанева беа тимот од трите ученички кои одговарајќи на прашања за историјата, политиките, институциите и функционирањето на Европската унија победија на квиз-натпреварот „Знаејќи повеќе за Европа и ЕУ – знаеме повеќе за нас“.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk