Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

karevci-pobediДиносаурусот Кришка изработен од рециклирачки материјали - картони и лед диоди, им го донесе првото место на средношколците од скопската гимназија „Никола Карев“ на натпреварот за управување со отпад на организацијата „Пакомак“.

70-god-mak-jaz„Јазикот е календар на душата. Со него ги нижиме секундите, деновите, годините на нашиот живот. Го запишуваме убавиот збор кој во календарот го зачувува местото на вечноста.“. Овој извадок е од видеото што беше прикажано на свечената академија по повод 70 години настава на македонски јазик во битолската гимназија „Јосип Броз – Тито“, што се одржа на почетокот на февруари во Народниот театар во Битола.

sred-humanitПовеќе од 1.200 литри вода и големи количини средства за лична хигиена собраа учениците од скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ за да им помогнат на жителите од загрозените региони по последните поплави.

Ана Давидовиќ, 1-2  СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“, Скопје

ana-davidovikЗаврши новогодишната, ред и за љубовната еуфорија низ скопските улици. И повторно дилемата, што да се подари за Св. Валентајн?! Букет рози, чоколадни бомбони, кадифено мече или црвено срце?!

Снежана Станкова, професорка во СУГС Гимназија „Никола Карев“

snezana-stankovaКога почнав да го пишувам текстот, пред очи ми беа сите ученици кои поминале низ овие години на моето учителствување. Па споредував, согледував какви разлики се случувале низ времето, кој како растел, кој што учел. Чудно, но сфатив дека некои работи не се менуваат.

Ивана Крстиќ, II год. СУГС Гимнзија „Орце Николов“ - Скопје

ivana-krsticИако живееме во 21 век, век на информатичко општество, одлучив во форма на писмо да Ви го кажам тоа што не успеав пред точно една година. Една средношколка која пред сѐ се грижеше за својата оценка, па беше задлабочена во книгата - го поттисна во себе одговорот на Вашето провокативно прашање. Верувајте, не ме остави рамнодушна.

Мариела Клековска, СУГС Гимназија „Георги Димитров“ - Скопје

mariela-kolumnaПред повеќе од еден век, преродбеникот Крсте Петков Мисирков рекол: „Да се откаже еден народ од својот јазик значи да се откаже тој и од самиот себеси и од своите интереси“. Кога се смета во историски рамки, еден век и не е така многу време за да се заборават неговите зборови; а заборавиле или не научиле, и помладите, но и некои од постарите.

Ана Мишковска II-6, СУГС Гимназија „Орце Николов“ - Скопје

ana-miskovskaКога последен пат сте се собрале семејно, на ручек, кај баба и дедо? Кога последен пат сте седнале, целото семејство во дневната соба, а никој да не е на својот телефон? Кога сте биле поблиску до себе? Многу оддамна, нели? А кога последен пат сте биле во кафуле? Кога последен пат сте биле на некоја забава? Неоддамна, нели?

prakticnaЕдинственото средно училиште во Демир Хисар, „Крсте Петков Мисирков'', сместено во срцето на градот, се чини дека иако нема конкуренција или репер за мерење на квалитетот на образованието, тоа само за себе претставува пример за успешна образовна институција. Отворено и креативно училиште со пријатна клима, овозможува директно вклучување на учениците во наставата преку разни проекти и активности.

algoritam„Начинот на којшто учиме ни овозможува да го запаметиме наученото - тоа што влегува во едното уво не излегува низ другото. Професорите, пак, секогаш имаат разбирање кон учениците и се трудат да ни помогнат.“. Вака ни одговори ученичката Антонела Јаки кога ја прашавме што е тоа што најмногу и се допаѓа во „Алгоритам“, средното училиште во коешто таа е втора година.

obraz-sis1Единствена работа полоша од тоа да зборуваме за сексот е да не зборуваме. Ретки се оние кои се осудуваат да отворат уста на оваа тема. Објаснувањето најчесто се бара во нашиот менталитет - сите се криеме под пердето на срамот и глумиме демек не е проѕирно. Меѓу оние кои отскокнуваат од овој шаблон е професорката или, како што таа сака да ја нарекуваат, учителката Татјана Алексиќ.

karikat-zast2Разбиена е секојдневната, за многумина монотона глетка која владееше низ ходниците на средното училиште „Крсте П. Мисирков“ во Демир Хисар. Измамени се и погледите, а разбудена е и љупобитноста на оние ученици за кои досега историјата и не беше баш привлечна наука.

darko-malinovskiСтудентот по правни науки Дарко Малиновски е меѓу најактивните илјадници привразници на Студентскиот пленум. Деновиве ги минува по аулите на скопските факултети, а неговиот матичен Правен факултет во Скопје му стана втор дом. Вели дека Студентскиот пленум е отворен за сите кои сакаат да ги решаваат со години натрупаните студентски проблеми. Тој им порачува на средношколците да бидат критички насторени, храбри и принципиелни.

dali-chasot3„На мојот час не може да биде досадно. Обработуваме и разговараме за секојдневни теми и во зависност од темата различен е и пристапот кон учениците. Максимално ги користиме методите на информатичко-комуникациската технологија (ИКТ) и благодарение на компјутерите и софтверите со кои располагаме се овозможува вклучување на сите ученици во наставата. Преку нив се решаваат тестови и вежби, се пишуваат есеи.“ Вака професорката Јасмина Василевска го започна разговорот за тоа како течат нејзините часови во битолското средно училиште „Таки Даскало“, каде таа предава по предметот Англиски јазик.

                   

 

Конкурс за најдобар средношколски медиумски производ

„ИЗРАЗИ СЕ ПРЕКУ МЕДИУМИТЕ“

 

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во соработка со Амбасадата на САД во Македонија го објавува конкурсот за најдобар средношколски медиумски производ „Изрази се преку медиумите“. Учениците и училиштата можат да аплицираат со фотоприказна, постер или едноминутнo видео на тема „(Де)конструирај ги медиумите: Пораката зад пораката“.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk