Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

karevГимназијата „Никола Карев“ oд Скопје во ноември ќе го одбележи 70-годишниот јубилеј за патрониот празник. По тој повод, училиштето организира повеќе настани, меѓу кои промоција на Монографијата, голема забава во гимназијата и централна прослава во Македонската опера и балет (МОБ).

seloНа самиот почеток од годинава, учениците од скопската гимназија „Орце Николов“ како дел од проектот „Интернационално село Словачка", ја посетија Братислава во друштво на ученици од повеќе европски земји.

bidi-zelenНа почетокот од третата година од своето постоење Клубот „Биди Зелен“ од скопската гимназија „Никола Карев“ веќе започна со регрутација на нови членови. „Биди Зелен“ е младинска еколошка организација која спроведува активности на теми поврзани со обновливите извори на енергија, индустриското загадување и отпадот.

diskuПрофесионалните новинарски стандарди не се почитуваат поради влијанијата кои различни бизнис и политички центри на моќ ги имаат врз медиумите. За ова дискутираа дваесетина средношколци при посетата на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, организирана од Младинскиот образовен форум.

Вкупно 90 средношколци од Македонија и Албанија беа дел од младинскиот камп „Светското наследство во рацете на младите“ кој се одржуваше во Охрид во текот на изминатава недела. Во рамки на ова едукативно дружење, учесниците имаа можност да се запознаат со вештините за изработка на филигран, со копаничарството, со народната музика, со сликањето, изработката на кошници и други стари занаети кои се дел од богатото културно наследство во овој регион.

teh5Технологијата навистина го прави животот полесен, и тоа важи со полна сила за можностите за следење. Ако некогаш сте барале посебен производ во која било онлајн-продавница, а потоа со недели сте биле малтретирани со реклами за тој производ, тогаш може да бидете сигурни дека маркетинг-агенциите ве следат и ги користат вашите лични податоци.

Македонскиот институт за медиуми и веб страницата „Безомразно“ распишуваат конкурс за прием на апликации кои илустрираат порака против говорот на омраза, преку групни јавни изведби (флеш моб).

Конкурсот е отворен до 15-ти ноември 2015 година. Трите најдобри идеи ќе добијат награда со вкупен паричен фонд од 100.000 денари.

Секој втор млад човек дневно го користи мобилниот повеќе од десет пати. За многу од нив роденденот не е роденден ако не објават фотографии од него на Фејсбук. Експертите предупредуваат оти зависноста од Интернет, ви­део­игрите, мобилните те­лефони и другите уреди негативно влијае врз концентрацијата, сонот, здравјето, социјализацијата кај младите. На овие теми деновиве дискутираа десетици наши средношколци, родители и професори.

Анастазија Стошиќ од „В. А. Дрен" од Скопје пишува што претставува матурската прослава за славениците, подготовките и буџетот за истата. Еве ги одговорите од анкетата што ја спровела кај славеничките и славениците.

maturska-2014- Колку чини една матурска вечер?

Трошокот околу стајлинг и остато е индивидуална работа. Некои потрошија за стајлинг само 300 еур, а некои и до 1.000 еур .... Едно е идентично. Прославата во хотелот „Александар Палас" ги чинеше сите матуранти од „Васил Антевски Дрен" исто, ,,само 1500 денари со вклучена матурска вечера и афтерпарти во дискотеката „Привилиџ". Тоа со трубачите се само 30 тина еур. но некои си потрошија повеќе за да се истакнат...

koce1И додека секојдневно во медиумските гласила течат информации за потребата од стручни кадри од областа на електротехниката, Средното електротехничко училиште на Град Скопје „Михајло Пупин" успеа на едно место да собере 198 осмоодделенци од Скопје. Ова е трет пат како се организира овој натпревар по електротехника.

paradaПо осми пат, матурантите од Скопје им се придружија на своите врсници од други европски градови кои во исто време, точно напладне го одиграа танцот „квадрил“ на звуците на штраусовата опера „Лилјакот“.

All-Bar-None-sessionsДоколку оваа учебна година матурирате и барате интересен настан за патување на есен тогаш самитот на иницијативата All Bar None е вистинската шанса за вас. Овогодишниот самит ќе се одржи во Даблин- Ирска од 15 до 19 октомври.

obuka-19-05-2014Проектот Cultural Crossroads организиран од клубот на УНЕСКО и Младинската Алијанска од Крушево во соработка со АЕГЕЕ од Тирана ги покануваат младите од Македонија и Албанија на возраст од 16 до 30 години да учествуваат на тренинг за културна соработка од 5 до 9 јуни во Крушево.

natprevar-video1-2014Младинскиот видео фестивал Плурал плус ги повикува младите на возраст од 9 до 25 години да креираат видео на темите: миграција, различности и социјална вклученост. Овој фестивал ги признава младите луѓе како агенти на промените во еден свет полн со интолеранција, религиска и културна поделеност. Победниците на натпреварот ќе добијат парична награда од 1000 долари и финансиски обезбедено патување до Њујорк.

natprevar-video-2014За сите кои би сакале да се соочат со предизвикот да создадат едноминутно видео со своја интерпретација на Шекспир, Делегацијата на ЕУ и Британскиот совет го објавуваат видео натпреварот "Шекспир@1минутно видео", по повод неговиот 450-ти роденден.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk