Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

natprevar-video-2014За сите кои би сакале да се соочат со предизвикот да создадат едноминутно видео со своја интерпретација на Шекспир, Делегацијата на ЕУ и Британскиот совет го објавуваат видео натпреварот "Шекспир@1минутно видео", по повод неговиот 450-ти роденден.

natprevar-posteri-2014Проект Poster for Tomorrow е иницијатива што го промовира графичкиот дизајн како алатка за социјална промена во општеството. Секоја година овој проект зема конкретно човеково право како тема на натпреварот. Овогодишните постери треба да се борат за секој да има право на соодветна работа и поради тоа се дел од тематиката „Work Right“.

Camp-GLOW-LogoЛетниот камп Glow традиционално ќе се одржи и ова лето од 2 до 9 август во Тетово. Овој камп претставува еднонеделна дружба на средношколки од цела Македонија што се претставнички на различни култури и националности.

requemКако дел од проектот ,,Детекција и превенција од употреба на психоактивни супстанции” минатиот четврток беше реализирана уште една активност. Таа предвидуваше проекција на филм со тематика против дрогата, а потоа и дискусија на истата тема. За таа цел, по избор на учениците, го гледавме филмот ,,Реквием за еден сон”.

staroturski-stipendiiПочна пробното тестирање за Програмата за меѓународно оценување на учениците ПИСА 2015, која претставува една од најчесто користените алатки во светски рамки за мерење и оценување на практично применливото знаење што го стекнуваат учениците во образовниот систем во матичната земја. Ова оценување се спроведува на секои 5 години, а истото го практикуваат повеќе од 60 држави од целиот свет, истакна министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

trki-gimnaziiВо учебната 2013/2014 година преку системот на натпревари на средните училишта во Скопје во кои учество земаа преку 180 екипи,се одиграа преку 700 натпревари, учество земаа околу 4000 ученици од 28 училишта на територија на Скопје најдобрите пласирани ќе ги измерат силите со своите врсници од другите градови на Република Македонија и тоа во следниве лиги: ракомет, кошарка, футсал и одбојка во машка и женска конкуренција.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk