Човечкото битие и дезинформциите
Откако ги лоциравме готвачите, а потоа и темните патишта по кои се движат дезинформациите, дојдовме до моментот да се обидеме да откриеме: Што е она што не тера да кликнеме на некоја вест?
Во денешно време, секојдневно сме бомбардирани од информации. Веќе нема ни потреба да ги бараме, нив ги има насекаде, а наше е само да ги селектираме. Но, во желбата да припаѓаме на заедницата, да коментираме, да се пофалиме, доаѓаме до состојба кога сме презаситени од информации и со тоа се намалува нашиот капацитет да разликуваме што е информација, а што дезинформација.
Во серијата видео приказни со детективот Панде Случаев дознаваме како таа информациска презаситеност дозволува да се камуфлира дезинформацијата.
Во продолжение, погледнете ја третата епизода од досието посветено на дезинформации под наслов „Човечкото битие и дезинформациите“.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.