d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.

Изрази се преку медиумите 2020

ИКС и Делегацијата на ЕУ со онлајн дебата ја одбележаа Европската недела на медиумска писменост

Дигиталните вештини се нужност и се исто толку важни како што е важно читањето, пишувањето, зборување и разбирањето. Ова е еден од заклучоците на онлајн дебатата „Дигиталната писменост – неопходни вештини за онлајн настава“ што на 24 април 2020 г. ја организираа Институтот за комуникациски студии и Делегацијата на Европската комисија во земјава како завршен настан од средношколскиот конкурс „Биди медиумски активен/-на“ со кој се одбележи Европската недела на медиумска писменост 2020.

Амбасадорот Самуел Жбогар посочи дека Европската комисија, свесна за неизбежноста и можностите на дигиталните технологии, го развива Единствениот дигитален пазар каде луѓето и бизнисите од сите земји-членки подеднакво и во фер услови можат да се натпреваруваат. Со цел да се искористи сосема потенцијалот на заедничкиот дигитален пазар, граѓаните на ЕУ, исто така, ќе треба да ги развијат дигиталните вештини.

Средношколците посочија дека новата ситуација поради пандемијата, ги стави на тест дигиталните вештини и кај учениците и кај професорите. Кризата и онлајн наставата ги покажаа слабостите за техничка опременост на училиштата, но и потребата за дообуки на наставниците. Учениците апелираат наставниците да го сменат актуелниот начин на предавање и оценување, бидејќи сѐ уште се присутни методите од класичната настава:  пишување домашни работи, фотографирање и оценување. На ваков начин, учениците се демотивирани и лесно го „заобиколуваат“ системот.

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми кажа дека е свесен за недостатоците и дека еден од приоритетите е адаптација на образовниот процес за вакви услови. Посочи дека онлајн наставата е единствено решение кон кое се прилагодиле и покрај затекнатоста од новата ситуација. Тој укажа дека во иднина треба да се работи на надградба на образовните процеси за вакви ситуации.

Освен потребата за нови дигитални вештини, учениците, професорите и новинарите кои работеа новинарски приказни во рамки на конкурсот „Биди медиумски активен/на“, посочија дека стекнале новинарски вештини кои се дел од медиумската писменост. На конкурсот пристигнаа 61 апликација од вкупно 27 средни училишта и 36 медиуми. Од нив, беа избрани шест тимови од средношколци и новинари: ПСУ САБА од Скопје соработуваше со Радио Слободна Европа, СОМУ „Гостивар“ со ТВ Алфа, СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп со ТВ 24 Вести, СОУ „Богданци“ со ТВ Вис, СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола со ТВ Тера и СОУ „Исмет Јашари“ – Липково со дневниот весник Коха.

 

 

Дел од излагањата на говорниците:

 

Агенда на онлајн дебатата „Дигиталната писменост – неопходни вештини за онлајн образование“
24 април 2020 год. 

 

  • Воведно излагање – д-р Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии
  • Дигиталните вештини – приоритет во визијата за дигитализирана Европа – Н.Е. Семуел Жбогар, амбасадор на Делегацијата на Европската Унија во Р. Северна Македонија
  • Што научив од „Биди медиумски активен/на“? – Димитар Решков, ученик од гимназијата „Богданци“ Богданци
  • Што научија наставниците од „Биди медиумски активен“? – Мевлуде Керими, професорка во гимназијата „Исмет Јашари“ – Липково
  • Што научија новинарите од “Биди медиумски активен/на“? – Пелагија Младеновска, новинарка во Радио Слободна Европа и менторка на тимот од гимназијата „САБА“ Скопје
  • Дигиталните вештини, неизоставен дел од медиумската писменост – Арбер Адеми, министер за образование и наука на Р. Северна Македонија
  • Адаптација на наставата во вонредни услови: искуства на наставниците и учениците – Ана-Марија Наумовска, ученичка во гимназијата „Ј. Б. Тито“ Битола

Модератор: Ана Зафирова

 

EUsoTEBE1

 

Дебатата ја организираат Институтот за комуникациски студии и Делегацијата на Европската Унија во Р. Северна Македонија, во рамките на Европската недела за писменост 2020.

 

 

 

Што е Биди медиумски активен/на?

“Биди медиумски активен/на“ е името на заедничката иницијатива на ИКС и Делегацијата на Европската Унија за одбележување на Европската недела на медиумска писменост 2020 во земјава, а во која главниот збор го имаат младите. ИКС преку конкурс ги повика средношколците да се здружат во тимови и да предложат идеја за новинарска приказна што би ја реализирале со некој медиум. Пристигнаа 61 апликација од 27 средни училишта кои добиле поддршка од вкупно 36 медиуми.

Комисијата, составена од средношколец, професор, новинар и претставници на ИКС, избра шест тимови (четири ученици, професор и новинар-ментор) со оригинални идеи во кои се посочуваат младински проблеми.

  1. ПСУ САБА од Скопје со Радио Слободна Европа
  2. СОМУ „Гостивар“ со Алфа ТВ
  3. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп со ТВ 24 Вести
  4. СОУ „Богданци“ со ТВ Вис
  5. СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола со Тера ТВ
  6. СОУ „Исмет Јашари“ – Липково со дневниот весник Коха

За секој од тимовите ИКС обезбеди грант од 400 евра за продукција на новинарските приказни, новинарски обуки и менторство од медиумите партнери, кои ќе ги објават средношколските новинарски приказни.

 

Видете како работеа средношколските новинарски тимови (видео):
Еве ги новинарските приказни на шесте средношколски тимови
Работилници

Во текот февруари, ИКС организираше работилници за сите тимови на која заедно со новинарите-ментори се детализираше планот за продукција.

Работа на терен

Март беше месецот за реализација на планираното. Се одеше на терен, се истражуваше, интервјуираше, фотографираше. За дел од приказните, крајот на продукцијата се совпадна со вонредната ситуација поради пандемијата од Ковид 19 и некои од приказните се правеа во домашни услови.

Еве дел од работната атмосфера додека се развиваа приказните и се истражуваше на терен.

Зад сцената: Гимназија „Јосип Броз Тито“, Битола

Зад сцената: Гимназија „Мирче Ацев“, Прилеп

Зад сцената: Гимназија „Исмет Јашари“, Липково

Зад сцената: СОМУ „Гостивар“, Гостивар

Зад сцената: САБА и РСЕ