Вести |

Средношколските новинарски тимови од конкурсот „Биди медиумски активен/а“ учеа како се креираат медиумски содржини

feat-img

Средношколските новинарски тимови кои беа избрани на конкурсот „Биди медиумски активен/а“ на еднодневните работилници кои ги организираше Институтот за комуникациски студии учеа како се пишува вест, што ја прави една вест вредна за објавување, како се креираат медиумски содржини, а се запознаа и со новинарските истражувачки техники. Исто така, за време на работилниците средношколските тимови заедно со нивните медиумски партнери ги детализираа плановите за продукција на нивните приказни.

Средношколците од ПСУ САБА заедно со Радио Слободна Европа ќе работат на приказна за врсничкото насилство во училиштата, додека тимот од гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп и ТВ 24 ќе истражуваат кои се последиците од онлајн насилството (cyber-bulling). Тимот од СОУ „Богданци“ и ТВ Вис преку видео прилог ќе ги посочат недостатоците во образовниот систем, а пак недостатокот од простор за млади во Битола ќе биде тема на видео прилогот на тимот од битолската гимназијата „Јосип Броз Тито“ и ТВ Тера. Средношколскиот тим од СОУ „Исмет Јашари“ – Липково заедно со дневниот весник Коха ќе истражува зошто младите си заминуваат од државата, а тимот од СОУ „Гостивар“ и ТВ Алфа преку видео прилог ќе образложат зошто треба да се дислоцира депонијата Русино.