Седмиот медиумски ден во 5 минути
Повеќе од 150 средношколци од 12 средни училишта низ државава учествуваа на седмиот Медиумскиот ден. Тие посетија национални, регионални и локални медиуми каде видоа како изгледа еден дел од работата на новинарите, како функционираат медиумите и како се справуваат со дезинформациите.
Освен што ѕирнаа што се случува во новинарските редакции и позади камерите, седнаа и пред нив да видат како се водат вести. Медиумскиот ден заврши со дебата на која учесниците дискутираа колку се опасни дезинформации и како да се заштитиме од нив, и се запознаа со апликацијата „Чичко Мрчатор“ која преку игра нуди начини за борба против дезинформациите со критичко размислување.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.