Дезинформации во економијата: Како се манипулира јавноста со бројките?
Економските показатели се точни, објективни, мерливи и споредливи, па оттука, дебатата врз основа на ваквите податоци разбирливо треба да е базирана на факти. И покрај тоа, многу често постојат проблеми со различните толкувања на економските показатели во јавноста во зависност од моментот и од користа на оној што ги соопштува. Затоа, Институтот за комуникациски студии (ИКС) изработи 4 видеа во кои универзитетскиот професор по економија Никола Поповски објаснува за можните манипулации при презентирањето на податоците за просечната плата, инфлацијата, јавниот долг и производството.
Просечна нето плата: колку е зголемена во споредба со други години?
Висината на просечната плата често се користи во јавноста за да се нагласи успехот или неуспехот на владините ветувања и политики. Моменталната се споредува со просечната нето плата пред неколку години. Но, висината на платата може различно да се толкува!
Нивото на инфлација: различно толкување или манипулација
Растот на цените и високата инфлација се главна тема во медиумите и во јавноста веќе извесно време. Некако природно ни доаѓа да разбираме што претставува инфлација бидејќи нејзиното дејство секојдневно го чувствуваме и сме свесни за неа. Но, овој поим може да служи и за манипулации во јавноста.
Проблемот со презентацијата на нивото на јавниот долг
Колку државата е задолжена? Ова прашање, ако не се презентира прецизно, може да донесе до погрешни заклучоци во јавноста. Зошто? Затоа што многу често имаме контрадикторни, а потполно точни податоци.
Натуралните показатели: Можности за манипулација во јавноста
При соопштувањето на економските натурални податоци, односно производство изразено во килограми, тони, хектолитри или парчиња, често се одбираат само оние показатели што имаат позитивен или негативен предзнак, во зависност од потребите на моментот и од користа на оној што ги соопштува.
Видеата се изработени во рамките на проектот „Користи факти“, кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје.